Фирмата "ДАБАР" во своите градби користи исклучиво материјали со исо 9001:2000 сертифиед и проверен домашен и европски квалитет и потекло.

КОНСТРУКЦИЈА:
Армирано бетонска конструкција, фундирањето се изведува како темелна плоча, меѓуспратните плочи се со армиран бетон, последната плоча е рамна и над неа се поставува потребната термо и хидро изолација, кровот се изведува од дрвена конструкција, тер папир и лим.

ЅИДОВИ:
Надворешните ѕидови се изведуваат од керамички блок и термо изолација 10см, преградните ѕидови помеѓу становите се изведуваат како сендвич од тули 10см и стиропор од 2см и преградните ѕидови во станот од гипс - картонски плочи со термо и звучна изолација 10см. Додека ѕидовите помеѓу станови и ходници се изведуваат како сендвичи од тули 10см, како и стиропор од 4см.

ПРОЗОРИ И ВРАТИ:
Надворешните фасадни прозори и врати по станови се изработуваат од ПВЦ термоизолирани профили и застаклени со термопан стакло Clima Guard Solar 4-12-4mm флот. Влезот во објектот (ветробранот) и излозите од локалите се од термоизолирани профили од елоксиран алуминиум.
Влезните врати во становите се противпожарни сигурносни со сефовска брава со механизам за вертикално забравување како и фиксни чивии кај шарките,со вкупно 8 точки на заклучување.
Внатрешните врати се дрвени-фурнирани (производсто Словенија).
Главната влезна врата во гаражите е роло врата од челични профилирани ламели,со индустриски мотор и далечинско управување.

ПОДОВИ:
Термо изолација е поставена на сите катови и на кров. Хидро изолација е поставена на WC-купатилата и балконите, каде што е поставена керамика од Шпанско и Италијанско потекло. Во становите е поставен тархет (дневниот престој, предсобје, спалните и трпезариите). Во кујните е исто поставена керамика со висина до 150см. Во ходниците за комуникација се поставува гранитна керамика, на склаишниот простор и на подестите се поставува мермер. Партерното уредување се изведува со потребна хидро изолација и асфалт со декоративни елементи за тротоарите.

ПЛАФОНИ:
Плафопните во WC-купатилата се тип “Хантер - Даглас“ спуштени плафони за да се покријат видливите инсталации, другите плафони се малтерисани и молерисани со боја.

САНИТАРНА ОПРЕМА:
Сите станови се опремени со комплетна санитарни елеманти (WC-шоља, умивалник, кади или туш кади и славини и батерии.

ГРЕЕЊЕ:
Греењето е решено со потребна парно инсталација повржано со централното парно греење

ЛИФТ:
Патнички лифт е од тип “Kleemann“ и ги поврзува сите етажи во објектот.

ИНСТАЛАЦИИ:
Телефонска линија во сите станови (приклучок на купецот), интерфон, осветлување (ламбите на купецот) како и приклучок за оптика.

ПРИКЛУЧОЦИ:
Цел објект е споен на градската инфраструктура: водовод и канализација, електрична инсталација, телефонска инсталација и парно греење.
Изборот на добавувачи на градежни материјали и услуги може да биде променет согласно новите трендови и модификации во градежништвото.