ДАБАР“ е меѓу првите неколку приватни фирми за градежништво во Р.Македонија. Основана е во септември 1992г. на темел на 8 годишното работно искуство на власникот во Руската федерација, 2 годишно работно искуство во Сараево, Босна и Херцеговина и 1 година во Софија, Р. Бугарија, со вложување на заштедениот капитал и сопствено знаење. Професионалниот однос према работата и на светското ниво на организираност е постигнат во првите години од формирањето и зачуван е до денеска.
Водена со сигурни раце и познавање на проблематиката од градежништвото, фирмата оствари брз напредок и развој.

“ДАБАР“  денеска ужива голем углед, заблагодарувајќи на стручниот приод према секоја работа, со користење на современи градежни машини и алати, со добро уигран тим и квалитетна изведба и запазување на  договорените рокови.

“ДАБАР“ стекна репутација во свите градежни изведувачки работи во високоградба, челични конструкции и работи во инфраструктурата. Од деловно-станбени објекти по принцип “клуч на рака“, преку индустриски објекти до екслузивно уредување на ентериери.

“ДАБАР“ успешно ги решава сите побарувања со развој на пратечките потенцијали потребно за квалитетно и конкурентско наступување на пазарот.