Овој септември 2022 одбележуваме значаен јубилеј за ДАБАР – 30 години постоење. Многу сме горди на нашата 30-годишна традиција на доверба и нашиот јубилеј ќе го прославуваме до крајот на годината.

Стигнавме до овој момент благодарение на сите луѓе во и околу ДАБАР. Неизмерно сме благодарни на нашите вработени, клиенти и партнери, со многу од кои соработуваме уште од самите почетоци.

Навистина сме среќни што ја заслуживме Вашата доверба!


ГРАДИМЕ СО ИНТЕГРИТЕТ ОД 1992 ГОДИНА

Како една од првите приватни фирми за градежништво во Р. Македонија, во 1992 година започнавме како пионери во индустријата и тој дух преовладува до ден-денес.

Нашата компанија создаде градежни процеси кои се усвоени како индустриски стандарди, а продолжуваме и ден-денес да ги поместуваме границите.

Од изградба на станбено-деловни објекти и индустриски објекти до објекти од јавен интерес – како резултат од нашата работа ја добивме довербата на илjадници задоволни семејства и правни субјекти.


30 ГОДИНИ ГРАДИМЕ ДОВЕРБА

На 30-годишна возраст, искуството на компанијата е вистински солидно, а стекнатата доверба е општо позната.

Денес стоиме на цврсти темели изградени од нашата историја.
Но, одбиваме да се одмориме. Тоа не е во ДНК-то на нашата компанија.

Растеме како никогаш досега. Го прошируваме опсегот на услуги. Користиме нова технологија и постојано ги подигнуваме стандардите за безбедност, обука и продуктивност.


ГЛЕДАЈЌИ НАПРЕД

Нашата индустрија ќе продолжи да се менува, но една работа секогаш ќе остане иста. Пристапот на ДАБАР кон врвни перформанси и нашите вредности засекогаш ќе останат непроменети. Исклучителнoста на тимот, лидерството и секојдневната посветеност на безбедноста во нашата компанија ќе продолжат да бидат суштински фактори за успешната приказна на ДАБАР.

СЛЕДЕТЕ НЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Бидете во тек со одбележувањето на нашата 30-годишнина на социјалните мрежи.