Станбено-деловен објект Аеродром ГП 2.9
Станбено деловниот објект Аеродром ГП 2.9 се наоѓа на бул. Трета македонска бригада - Општина Аеродром, Скопје (во близина на средното училиште Димитар Влахов)
“ДАБАР“ е меѓу првите неколку приватни фирми за градежништво во Р.Македонија. Основана е во септември 1992г. на темел на повеќегодишното работно искуство на сопственикот, со вложување на заштедениот капитал и сопствено знаење.
Професионалниот однос према работата и на светското ниво на организираност е постигнат во првите години од формирањето и зачуван е до денеска. Водена со сигурни раце и познавање на проблематиката од градежништвото, фирмата оствари брз напредок и развој.