Инвеститор
Рудници Саса, М.Каменица
Локација
М.Каменица
Тип на објект
Деловни Објекти, Станбени Објекти
Година на изградба
2005-2006
Голема реконструкција на рудниците за олово и цинк “САСА“ – Македонска Каменица каде што нашата фирма имаше импозантен учинок. Во захватот беше направено комплетно реконструирање на управните згради со внатрешно уредување , потоа беше реконстуирано купатилото со лампара со 60-ина туш кабини со потребни санитарни чворови и соблекувални. Во процесот на производсто на концетрат во нивниот главен објект “Флотација“ се појачуваа столбовите во подрумот за да се постави конструкција од метални профили, на кои беше поставен целиот технолошки процес за преработка на рудата до концетрат, во склоп на објектот флотација беше изграден нов објект (хала) од армиран бетон и тули “реагенси“, исто така се прошири стариот простор за скалдирање на концетратот со армирано бетонска конструкција и се направи нова просторија за дувалката од АБ темелна плоча со челична конструкција.
Исто така беше направена припрема за поставување на вагата за мерење на камионите за транспорт на концетратот и партерно уредување пред влезот на долнат управна зграда, и комплетно реконструирање на објектот лабараторија.